Почнуваат битките за финалето на Европското првенство

by
1 минути читање

Останаа уште три натпревари до крајот на Европското првенство, денеска и утре се играат полуфналните мечеви на Вембли.

Вечерва на легендарниот англиски стадион први ќе истрчаат селекциите на Италија и Шпанија.

Италијните под водство на Манчини досега покажаа многу повеќе и во дуелот ќе влезат како благ фаворит. Шпанија не импресионираше, но оваа селекција има многу квалитет во своите редови, фудбалери кои знаат да победуваат без да блескаат.

Пех за Италија е повредата на Спинацола кој ја скина ахиловата тетива и пред него е долга пауза. Тој беше еден од најдобрите фудбалери во селекцијата на Манчини. Од друга страна пак Луис Енрике нема да може да смета само на Сарабија кој е повреден.

Утре на програмата е дуелот меѓу Англија и Данска. Залетаните Англичани веруваат дека ова е првенството на кое конечно ќе го кренат пехарот, но и Данците имаат свои сметки.

Данска игра одличен фудбал, а несреќниот момент со Ериксен како дополнително да го сплоти националниот тим и му даде дополнителна сила. 

Англија ќе биде сериозен фаворит во овој дуел, но се очекува Данска да биде на многу повисоко ниво отколку што тоа беше Украина против Гордиот албион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×