Почна битката: Нејмар му ја понудил 10-та на Меси, Абрамович побарал итен состанок со Аргентинецот

by
1 минути читање

Лео Меси треба да
си најде нов клуб откако Барселона вчера го инфомрираше дека не може да го
регистрира поради финансиските правила и селари-капот кој го наметнува Ла Лига.

На прсти се
бројат клубовите кои имаат спортски проект по мерак на напаѓачот, но и пари за
да ги задоволат неговите финансиски желби. Пеп Гвардиола изјави дека Манчестер
Сити нема да тргне по потписот на Аргентинецот, па конкуренцијата дополнително
се стеснува.

ПСЖ е главен кандидат,
веќе се започнати преговори, Маурисио Покетино потврди дека „светците“ ќе се
обидат да го донесат Лео Меси. Нејмар притиска силно за ваква зделка и
Бразилецот дури се понудил да го отстапи дресот со број 10.

Клубот од Париз
треба да внимава на Челси, рускиот милијардер Роман Абрамович побарал итен
состанк со Лео Меси и посредници се обидуваат да договорат состанок со придружбата
на Аргентинецот.

Останува да се
види кој ќе успее да го убеди Лео Меси, кој ќе започне нова авантура по
21
година поминати во Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×