ТВ „РАИ“ утринава соопшти дека почина Паоло Роси, тој во изминатите години работеше како стручен фудбалски аналитичар за овој медиум.
За време на играчката кариера, Роси играше за Јувентус, Комо, Виченца, Перуџа, Милан и Верона, се пензионираше во 1987 година.
Како и ида е, тој е италијански херој од Светското првенство во 1982, името на Роси е запишано во историските книги на фудбалот во оваа земја.
Тој за Италија има одиграно 48 пати и дадено 20 голови, од кои шест на патот до трофејот во 1982 година во Шпанија.
Неговиот хет-трик за да се победи Бразил со 3-2 е легендарен, потоа следуваа два гола против Полска за триумф од 2-0, и на крај погоди и во финалето во триумфот над Западна Германија од 3-1.
Тој ја доби Златната копачка од Светското првенство 1982 а таа година ја доби и наградата Златна топка за најдобар играч во Европа.