Почина Ото Бариќ, еден од најдобрите хрватски тренери на сите времиња

by
1 минути читање

Во Загреб почина Ото Бариќ, еден од најуспешните хрватски фудбалски тренери на сите времиња и поранешен селектор на Хрватска.

Бариќ е роден во Австрија во 1933 година, како младинец настапуваше за Динамо Загреб, но во сениорската кариера играше само за Металац Загреб и Локомотива Загреб.

Неговата тренерска кариера беше таа која го обелажа. Најмногу работеше во Австрија, а најголемите успеси ги постигна со Рапид Виена со кој освои три шампионски титули а во 1985 година играше во финалето од Купот на победниците на куповите.

Неговите клупски тренерски ангажмани трае до 1999 година откако работеше само како селектор. Беше селектор на Австрија, на Хрватска и на Албанија. Се пензиониираше во 2007 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×