Почина легендарниот голман, Драган Пантелиќ

by
1 минути читање

Медиумите од Србија уште вчера објавија дека Пантелиќ е во тешка состојба и се бори за својот живот, а утринава стигна информацијата дека легендарниот голман ја загубил битката.

Тој почина од ковид-19, извесно време бил заразен, а откако му се влошила ситуацијата бил ставен на респиратор, за жал тоа не му помогнало да ја победи оваа болест.

Драган Пантелиќ важеше за еден од најдобрите голмани во југословенската историја. Тој бранеше за Раднички од Ниш, а потоа се пресели во француски Бордо.

Навивачите од целиот регион ги освои со настапите за Југославија. Тој важеше и за голман кој посигнува голови, има постигнато погодок од гол на гол кој се уште се памети. Беше и контроверзен лик, во Франција имаше заработено едногодишна суспензија поради удар на помошен судија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани