Денеска почнуваат осминафиналните натпревари на Светското клупско првенство, пред нас се вистинските возбудувања на ова натпреварување.
Денеска на програмата се два натпревари. Денот од 18 часот ќе го отворат бразилските екипи Палмеирас и Ботафого.
Од 22 часот имаме европска пресметка, Челси против Бенфика.
Утре од 18 часот играат ПСЖ против Интер Мајами, тоа ќе биде интересен дуел на Меси против својот поранешен клуб, а дресот на Французите го носеше и Дејвид Бекам, тој токму таму ја заврши фудбалската кариера.
Во вечерниот термин, од 22 часот е дуелот меѓу Баерн Минхен и Фламенго.
Во понеделник дуелите се во други термини. Од 21 часот Интер ќе се сретне со Флуминенсе. А во 03 по полноќ ќе играат Манчестер Сити против Ал Хилал.
Вторник е последниот ден за осминафинале, тогаш од 21 часот е европското дерби меѓу Реал Мадрид и Јувентус, фазата се затвора во 03 часот по полноќ кога играат Борусија Дортмунд и Монтереј.
Фото: X/SLBenfica