Поглавјето на Сержо Консеисасо во Милан ќе заврши со крајот на сезоната, росонерите ќе бараат нов тренер кој ќе ги води од лето, вакви се шпекулациите на италијанските медиуми.
Вчерашниот пораз на Милан од Аталанта ги урна сите шанси на росонерите за место во Лигата на шампионите, теоретски не се испаднати од трката, но реално е дека не може да завршат во топ пет на табелата.
Почетокот на авантурата на Консеисао во Милан ветуваше многу. Тој веднаш освои трофеј откако го доби фајнл-фор турнирот во Супекупот на Италија совладувајќи ги Јувентус и Интер.
Стратегот пушеше пури и танцуваше во соблекувалната, трофејот го прослави во стилот на оние кои ги славеше со Порто. Ваквиот почеток на неговиот престој во Милан донесе надеж кај фановите на росонерите за подобри денови, но не беше така.
Реалноста во продолжението стана поинаква, резултатите беа променливи, а бодовната разлика меѓу Милан и водечките тимови во Серија А се зголемуваше. Сега таа е толку голема што на пет кола до крајот се загубени шансите за топ пет местата и пласман во Лигата на шампионите.
Тренерскиот период на Консеисао во Милан ќе заврши неславно, тој ќе биде сменет по крајот на сезоната, а на неговото столче ќе седне друг стратег кој ќе се обиде да донесе подобри резултати.