Почина судијата кој беше суспендиран пред Светското првенство

by bojan
1 минути читање

Тажни вести пристигнуваат од Холандија, на 38 години почина Роб Диперник, судијата кој беше суспендиран непосредно пред почетокот на Светското првенство.

Фудбалскиот свет го потресе уште една тажна вест за време на Светското првенство. По неодамнешниот случај со јужноафриканскиот фудбалер Џејден Адамс, денес беше потврдена смртта на холандскиот судија Роб Диперинк, кој почина на 38 годишна возраст.

Веста ја соопшти Фудбалската федерција на Холандија, но без детали за причината за неговата смрт. Роб Диперинк зад себе остави богата судиска кариера, повеќе од 15 години беше професионален арбитар и водеше речиси 300 натпревари, вклучувајќи 84 во најсилната холандска лига, Ередивизија.

Холанѓанецот беше дел од судиските екипи на големи натпревари, меѓу кои финалето на Лигата на Европа во 2024 година, Европското првенство и Олимписките игри во истата година. Беше избран и за Светското првенство, но ФИФА подоцна го отстрани од списокот поради наводи за сексуален напад врз малолетно лице.

Сепак, по истрагата, британската полиција заклучи дека нема доволно докази за продолжување на случајот, кој беше затворен без обвинение против Роб Диперинк. И покрај тоа, судијата ја загуби можноста да биде дел од најголемиот фудбалски турнир.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×