Почина поранешен голман на Вардар, Ц. Звезда, Југославија…

by 24 фудбал
1 минути читање

На 71-годишна возраст почина Драган Симеуновиќ, поранешен голман со настапи и во македонскиот фудбал бранејќи за Вардар, но и во редовите на белградска Црвена Звезда и репрезентацијата на Југославија.

Симеуновиќ беше дел од Вардар во сезоната 1978/80 кога за „црвено-црните“ имаше преку 30 настапи во сите конкуренции.

Покрај Вардар, во кариерата бранеше и за Слога Краљево, Трепча, ОФК Белград, Будуќност и Раднички од Белград, а најголем успех постигна со Црвена звезда, со која освои две шампионски титули и еден Куп на Југославија. Настапуваше и надвор од Југославија, во кипарскиот Аполо Каламарија и грчкиот Олимпијакос Волос.

За репрезентацијата на Југославија одигра еден натпревар, пријателски дуел против Романија во 1980 година, со што остави трага и на меѓународно ниво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×