Почетни состави за Ел Класико (ФОТО)

by
2 минути читање

Вечерва со
почеток од 20 часот се игра мега популарното Ел Класико, односно дерби
пресметката помеѓу Барселона и Реал Мадрид, а овој пат во полуфиналната фаза од
шпанскиот Суперкуп.

Шефот на
стручниот штаб на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се реши за Начо на местото на
повредениот Алаба во стартните 11, а од првата минута ќе почне и Марко Асенсио
по неговите одлични перформанси против Валенсија.

Предводникот на
Барселона, Чави Ернандез одлучи да го вметне големото засилување Феран Торес
уште од првата минута на пресметката, иако постоеше дилема околу тоа колку
поранешниот член на Манчестер Сити е подготвен да стартува.

На клупата за
резерви кај Каталонците се најдоа Ансу Фати и Педри, кои очигледно се уште не
се целосно подготвени за настап откако се вратија од повредите.

Реал Мадрид:
Куртоа, Карвахал, Милитао, Начо, Крос, Бензема, Модриќ,
Асенсио, Касемиро, Винисиус и Менди
.

Барселона:
Тер Штеген, Пике, Араухо, Серхио,
Дембеле, Алвеш, Л. Де Јонг, Алба, Феран, Ф. Де Јонг и Гави
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани