Почетни состави: Шпанците со офанзивна поставеност, Швеѓаните внимателни (ФОТО)

by
1 минути читање

Познати се
почетните состави за мечот помеѓу Шпанија и Шведска кој стартува со почеток од
21 часот, а од тоа што можеме да го проследиме, селекторот на „Црвената фурија“,
Луис Енрике тргнува со офанзивна поставеност од 4-3-3.

Феран Торес,
Мората и Олмо го сочинуваат триото во нападот на фаворитот, а што се однесува
пак до изборот на Јан Андерсон, селекторот на Шведска се реши за нешто
попретпазлива формациска поставеност од 4-4-2, во која напаѓаат Исак и Берг.

Инаку мечот
помеѓу Шпанија и Шведска се игра на домашен терен на фаворитот,
во Севиља, но
арената „Ла Картуха“ не е домашен терен на ниту еден клуб, а беше домаќин на
финалето од купот на УЕФА во 2003 година помеѓу Селтик и Порто.

Главен делител на
правдата ќе биде словенскиот арбитар Славко Динчиќ, а како за потсетување, во
истата конкуренција претходно Словачка забележа победа над Полска со 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×