Почетни состави: Манчестер јунајтед со сите сили на победа против ослабениот ПСЖ

by
2 минути читање

Со вечерашните
две пресметки стартуваат големите возбудувања во елиминационата рунда од Лигата
на шампионите, осминафиналната рунда се отвора со дуелите помеѓу Рома и Порто,
односно дербито на вечерта Манчестер јунајтед – ПСЖ.

Интересно е тоа
што шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер направи
пет измени во однос на последниот меч на таа екипа на гостувањето кај Фулам во
победата од 0-3 во Премиерлигата, Јанг и Линделоф се вратија, а Баји доби место
пред Џоунс, исто така се вратија и Лингард и Рашфорд, а на клупата за резервни
фудбалери се вратија Мата и Лукаку.

Од друга страна,
ПСЖ нема да има помош од првата ѕвезда на тимот,  Нејмар, кој ќе отсуствува поради повреда, а
освен Бразилецот, вон комбинација за настап е и Кавани, па најголемата опасност
кон голот на Де Хеа ќе доаѓа од Мбапе.

Речиси очекувано, обете екипи ќе настапуваат со по еден најистурен напаѓач во своите формациски поставености, домаќините со две офанзивни крила, Марсијал и Лингард, односно Рашфорд како осамен во нападот, а гостите пак со Мбапе, веднаш зад него ќе му помага Дракслер, а по страна ќе напаѓаат Алвеш и Ди Мариа.

Манчестер
јунајтед
: Де Хеа, Линделоф,
Баји, Погба, Рашфорд, Марсијал, Лингард, Јанг, Ерера, Шо и Матиќ.

ПСЖ: Буфон, Силва, Кимпембе, Керер, Маркињос,
Верати, Мбапе, Ди Мариа, Алвеш, Бернат и Дракслер.

Рома ќе стартува
доста офанзивно на мечот против Порто, но, со идентична формациска поставеност
ќе тргне и португалската екипа, односно, во формација 4-3-3.

Рома: Миранте, Кристанте, Пелегрини, Џеко,
Коларов, Де Роси, Фацио, Ѕаниоло, Флоренци, Манолас и Ел Шарави.

Порто: Касиљас, Милисао, Брахими, Телес, Ерера,
Данило, Отавио, Фелипе, Соарес, Пепе и Фернандо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани