Почетни состави: Ливерпул напаѓа со убиственото трио (ФОТО)

by
1 минути читање

Интер на домашен
терен го пречекува Ливерпул, а Баерн Минхен гостува кај Салцбург во двете
предвидени пресметки за вечерва во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Веќе се познати и
почетните состави за обата меча, па од тоа што можеме да го забележиме Интер ќе
настапи во формација 3-5-2, а кај домаќинот ќе напаѓаат Лаутаро и Џеко.

На спротивната
страна пак, Ливерпул ќе напаѓа со убиственото трио во нападот сочинето од Мане,
Салах и Жота.

Познати се воедно
и почетните состави за дуелот помеѓу Салцбург и Баерн Минхен, каде гостинот е
апсолутен фаворит.

Вчеравечер ПСЖ на
свој терен го совлада Реал Мадрид со 1-0, а Манчестер Сити славеше на
гостувањето кај Спортинг Лисабон со 0-5.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×