Почетни состави: Ибраими осамен во нападот на Шкендија, Тотнем напаѓа со Ламела, Али и Сон (ФОТО)

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на тетовска Шкендија, Ернест Ѓока и неговиот ривал од
спротивниот табор на Тотнем, Жозе Мурињо ги открија картите за вечерашната
пресметка на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Официјалните почетни
состави се веќе познати, а од тоа што можеме да го забележиме, нашиот
претставник ќе игра во формациска поставеност од 4-2-3-1, со Бесарт Ибраими
како осамен во нападот, веднаш зад него ќе играат Нафиу, Ахмеди и Дориев.

Формациската
поставеност на Тотнем гласи 4-3-3, а изненадување е секако фактот што Деле Али
не само што е стартер, туку ќе биде дел од триото во нападот на гостите кое го сочинуваат уште и Ламела и Сон, изненадување најмногу поради последните случувања со Али и големите шпекулации дека е на излезна врата од клубот.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани