164
Со дербито помеѓу
Франција и Германија се спушта завесата од првото коло во групната фаза од
Европското првенство, а веќе имаме можност да се запознаеме и со почетните
состави со кои ќе истрчаат обете селекции.
Дидје Дешам се
реши за формациска поставеност од 4-1-2-1-2 за Франција, со тоа што светскиот
вицепрвак ќе игра со Гризман како полушпиц, односно поддршка за Бензема и Мбапе
кои ќе бидат ударна игла во нападот на светскиот првак.

Од друга страна
пак, селекторот на „Панцирите“, Јоаким Лев се реши за формација 3-4-2-1, со тоа
што веднаш зад Гнабри ќе играат Милер и Хаверц, а место во почетниот состав
нема за Вернер кој ќе почне од клупата за резерви.
