Белгија –
Италија, тоа е мечот кој буди голем интерес во четвртфиналето од Европското
првенство, а истиот стартува со почеток од 21 часот, за што веќе се познати и
почетните состави на обете селекции.
Тоа што дел од
медиумите го најавија, се оствари, Де Брујне стартува од првата минута иако
беше во голема неизвесност општо дали воопшто ќе настапи вечерва поради
повредата, а Белгијците вечерва ќе играат со формациска поставеност од 3-4-2-1,
со тоа што Лукаку ќе биде најистурен во нападот.

Во спротивниот
табор, Италија ќе настапи во формациска поставеност од 4-3-3, со тоа што
веројатно за многумина би било изненадување тоа што од првата минута ќе настапи
Киеза, и тоа во нападот заедно со Инсиње и Имобиле.

Победникот од
вечерашната пресметка во Минхен во полуфиналето ќе се судри против подобриот
помеѓу Шпанија и Швајцарија.