Почетни состави: Данска тргнува офанзивно, Велс внимателен (ФОТО)

by
1 минути читање

Данска има една
победа плус во однос на Велс во досегашните нивни меѓусебни пресметки (5/4), а денеска
со почеток од 18 часот обете селекции имаат одлична шанса за пласман во
четвртфиналето од Европско првенство.

Веќе се познати и
почетните состави, па еве прилика да се запознаеме со истите, а од тоа што го
забележуваме, Данска нема да тактизира премногу, барем така наликува нивната
формациска поставеност која гласи 3-4-3, со тоа што триото во нападот ги
сочинуваат Брејтвајт, Долберг, односно Домсгар.

Во спротивниот
табор, Велс нешто повнимателен во однос на својот противник, па така ќе почне
со формација од 4-4-1-1, со тоа што Мур ќе биде единствениот класичен напаѓач.

Победникот од
овој дуел во четвртфиналето ќе се судри со подобриот од дуелот помеѓу Холандија
и Чешка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×