Белгија во првото
славеше над Русија со 3-0, а Данска загуби минимално од Финска со 0-1, а мораше
да го доигра мечот кој инаку беше прекинат поради драмата која се случи со
Ериксен, а денешниот меч во знак за поддршка кон него ќе биде прекинат во 10 минута.
Како и да е,
првото коло е веќе зад нас, а имаме можност да се запознаеме со изборот на
обата селектори во однос на почетните состави, па речиси и да нема големи
промени, освен тоа што сосема нормално Ериксен не е во можност за настап.
Данците ќе играат
во формациска поставеност од 4-3-3, со тоа што ќе напаѓаат со Поулсен, Дамсгард
и Брејтвајт.

Што се однесува
пак до Белгија, таму има само една измена во однос на првиот меч со Русија, па
наместо Бојате на стоперската позиција од првата минута ќе стартува Денајер, а
фаворитот ќе игра во формациска поставеност 3-4-3 со Караско, Лукаку и Мертенс
во нападот.
