Победата на Риека во Купот го повлече Вараждин кон Европа!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Риека го освоија Суперспорт Хрватскиот куп, а од оваа победа голема корист ќе имаат и македонските играчи. Имено, благодарение на триумфот на Ријека, екипата на Вараждин – во чиј состав оваа сезона настапуваа македонските интернационалци Димитар Митровски, Ване Јованов и Марко Младеновски – избори излез во Европа.

Риека славеше со 1-0 во реваншот против Славен Белупо, по ремито 1-1 во првиот натпревар, со што стигна до трофејот во Купот и го комплетираше историското дупло крунисување, само второ во историјата на клубот.

Овој резултат директно ја менува европската слика за следната сезона. Со оглед на тоа што Ријека веќе избори место во Европа преку првенството, нејзината победа во Купот отвори врата за четвртопласираниот тим во ХНЛ – Вараждин. Така, македонските репрезентативци ќе имаат шанса за настап во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Со ова, сезоната добива уште поголема тежина за Митровски, Јованов и Младеновски, кои со Вараждин ќе се борат за пласман во европските натпреварувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани