Победата на Милан над Јувентус може да биде залудна ако росонерите не ја совладаат Аталанта

by
1 минути читање

Милан синоќа имаше шанса со победа над Каљари на коло пред крајот да го обезбедат местото во Лигата на шампионите, но одиграа само 0-0 на Сан Сиро.

Овој резултат го израдува Јувентус на кого му се зголемија шансите за пласман меѓу четирите најдобри.

Аталанта има 78 бодови и тие веќе го обезбедија пласманот во ЛШ, Милан и Наполи имаат по 76 бода, а Јувентус 75.

Во последното коло Милан гостува кај Аталанта, Наполи ја пречекува Верона, а Јуве ќе игра кај Болоња.

Според распоредот, Наполи има најлесна задача, се очекува да ја победи Верона и остане меѓу четирите најдобри.

Ако Јувентус ја победи Болоња, истото мора да го направи Милан кај Аталанта.

Олеснителна околност за Милан може да биде тоа што Аталанта во среда игра финале од Купот на Италија против Јувентус па главното оружје ќе го насочи таму, а во недела ќе им даде одмор на дел од своите главни играчи.

Но Гасперини создаде квалитетен и широк состав, па се чини дека со кои тим и да настапи, на Милан нема да му биде лесно.

Милан може дури и со пораз да оди во Лигата на шампионите, но само ако Јувентус не ја победи Болоња.

Дали импресивните победи од 3-0 над Јувентус и 7-0 над Торино ќе бидат залудни, останува да видиме по крајот на последното коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×