Победата на Интер над Лацио ќе ја чини Рома 25 милиони евра

by bojan
1 минути читање

Триумфот на Интер во Купот на Италија влијае и врз Рома, „волчицата“ со сигурност ќе игра во Лигата на шампиони или Лига Европа па се активира клаузулата од 25 милиони евра за ангажман на Дониел Мален.

Интер синоќа со 2-0 го совлада Лацио во финалето на Купот на Италија и ја комплетираше двојната круна.

Победата значеше и „трошок“ за Рома од 25 милиони евра. Имено, „волчицата“ во јануари го донесе Дониел Мален на позајмица од Астон Вила вредна околу 2 милиони евра, со опција во целост да го купи напаѓачот за дополнителни 25 милиони евра.

Опцијата автоматски станува обврска доколку Рома обезбеди настап во Лигата на шампиони или Лига Европа, и доколку напаѓачот одигра најмалку 35 минути на повеќе од 50% од натпреварите.

Со триумфот на Интер во Купот на Италија, Рома сигурно ќе игра во Лигата на шампиони и Лига Европа, па сите услови се исполнети за перманентен трансфер.

Но ова сигурно ќе бидат едни од најдобро потрошените 25 милиони евра, Дониел Мален се покажа како полн погодок по пристигнувањето во јануари, и постигна 13 погодоци во Серија А, како и еден во Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×