Победата на Барса во сенка на незгодната повреда на Араухо (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона без
многу проблеми ја совлада Селта за три бода со кои „каталонците“ се на чекор до
обезбедување на втората позиција на табелата.

Резултатот беше
отворен по половина час игра, од својата прва шанса, домаќините поведоа со 1-0
со голот на Депај. Десетина минути подоцна, Холанѓанецот му асистираше на Обамејанг
за 2-0.

На стартот од
вториот дел Обамејанг го постигна својот втор гол и зголеми на 3-0, за две
минути подоцна Аспас да намали на 3-1.

Потоа следеа
немили сцени, Араухо се онесвести по еден воздушен дуел и судар со глави, па
дефанзивецот со амбулантно возило го напушти теренот.

Откако
натпреварот продолжи, двете екипи се обидоа да постигнат уште некој гол, беа
креирани добри шанси, но мрежите мируваа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани