Пласманот на Аргентина во финалето на Светското првенство по победата над Англија со 2:1 донесе продолжување на една неверојатна традиција поврзана со Интер.
Миланскиот гигант ќе има свој фудбалер во финалето на Мундијалот по 12-ти пат во низа, серија која трае уште од 1982 година. Токму напаѓачот на италијанскиот гигант, Лаутаро Мартинез во судиското продолжение го постигна победничкиот гол за Аргентина и ја однесе својата селекција во борба за светската титула.
Традицијата на Интер започна на Светското првенство во Шпанија во 1982 година и оттогаш во секое финале „нераѕурите“ имаат барем еден свој играч кој се бори за трофејот.
Со елиминацијата на Англија, пак, заврши уште една долга серија. Баерн Минхен по пауза од 44 години нема да има свој фудбалер во финалето на Светското првенство, откако Хари Кејн ја загуби шансата да се бори за титулата.
Во големото финале, кое ќе се игра во недела од 21:00 часот, Аргентина ќе се соочи со Шпанија, која претходно преку Франција го обезбеди своето место во борба за трофејот.
🚨🚨| 𝐑𝐄𝐂𝐎𝐑𝐃: Inter Milan have had at least one player in every World Cup final 𝐒𝐈𝐍𝐂𝐄 𝟏𝟗𝟖𝟐 (1982–2026). 🏆🖤
— CentreGoals. (@centregoals) July 15, 2026
The streak continues with Lautaro Martínez representing Argentina at the 2026 World Cup final. pic.twitter.com/J0tj6o9hTe