Победа над Грузија носи историја но и богата финансиска награда, во касата на ФФМ ќе легнат најмалку 9,5 милиони

by
1 минути читање

Со победа над Косово од 2-1, Македонија направи чекор напред кон прв настап
на големо натпреварување. Пред „црвено-жолтите“ сега е финалето од плеј-офот во
ноември и победа над Грузија носи историски пласман на Европско првенство.

Успех во Тбилиси ќе значи и голема финансиска добивка, во касата на ФФМ ќе
легнат најмалку 9,5 милиони евра. Ова е сумата која УЕФА им ја доделува на сите
24 репрезентации кои ќе обезбедат настап на завршницата.

Бројката може да порасне во зависност од резултатите, секоја победа во
групната фаза носи 1,5 милиони евра, а секое реми носи 750.000 евра. Евентуален
пласман во осминафинале носи додатни 2 милиони евра.

Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани