Габриел стана трагичар на Арсенал во финалето од Лигата на шампионите откако го промаши решавачкиот пенал против ПСЖ, но наместо критики доби огромна поддршка од навивачите, кои масовно почнаа да купуваат дресови со неговото име.
„Топчиите“ во неделата останаа без трофејот во најелитното европско натпреварување и во своето второ финале, откако по драматична пенал-серија беа поразени од ПСЖ во Будимпешта.
Во центарот на вниманието се најде Габриел, кој ја презеде одговорноста да шутира во решавачката петта серија. Бразилецот не успеа да реализира, а „светците“ стигнаа до европската круна.
И додека на социјалните мрежи се водеа дебати за промашувањето, навивачите на Арсенал решија да му испратат јасна порака дека и понатаму стојат зад него.
Како што пренесува Атлетик, продажбата на дресови со неговото име експлодирала веднаш по натпреварот и пораснала за неверојатни 350%.
Дресот на Габриел бил најпродаван изминатиов викенд, неговото име било двојно популарно од било кој друг фудбалер на „топчиите“.
Со овој потег, навивачите покажаа дека еден промашен пенал не може да го избрише сето она што Габриел го направил за клубот и дека нивната поддршка е најсилна токму кога на играчите им е најпотребна.