По овие казни, ѕвездите од Премиерлигата два пати би размислиле дали да направат нова „глупост“

by
2 минути читање

Од Премиерлигата
потврдија дека нема ниту еден позитивен случај на коронавирус по последната
рунда тестирање за Ковид-19 која се реализираше во четвртокот, односно петокот.

Веста доаѓа
откако беа реализирани вкупно 1,195 тестови во шестата рунда тестирање, а тоа
значи дека во Премиерлигата остануваат на бројката од 13 досегашни позитивни
случаи од 6,274 реализирани тестови досега.

Последната вест
околу резултатите од тестирањето носи дополнителни мотиви кај фудбалските
власти на Островот да продолжат до реализирање на понатамошните подготовки во
пресрет на најавениот рестарт на сезоната предвиден да се случи на 17. јуни.

Според пишувањата
на „Сан“, Премиерлигата добива и дополнителна моќ за да изрекува ригорозни
казни за било кои непочитувачи или прекршители во однос на рестрикциите за
карантинот.

Истиот медиум
наведува дека ќе следат и казни до 200,000 фунти за било кои
прекршители и непочитувачи на рестрикциите, а ригорозната политика на
Премиерлигата носи и потенцијални казни за оние кои би го повториле делото, со што би се соочиле дури и
со одземање на бодови за повторени случаи кои се косат со правилата.

Сосема е
разбирлива загриженоста на Островот по ова прашање, откако неколкумина
претходно ги прекршија владините уредби околу карантинот, или избегнување
собири и групирања, па така на насловите се најдоа Кајл Вокер од Манчестер
Сити, Серж Орие од Тотнем, како и Џек Грилиш од Астон Вила, негативни примери
за јавноста донесоа и Џордан Ибе од Борнмут, како и Александре Лаказет од
Арсенал.

Вокер ги прекрши
правилата за карантин три пати во само 24 часа организирајќи дури и забава,
додека пак Орие имаше идентична бројка прекршувања на правилата во одвоени
инциденти.

Капитенот на
Астон Вила, како и прва ѕвезда на тој состав беше казнет со високи 70,000 фунти
откако со својот автомобил Ренџ Ровер удри во возило на паркинг враќајќи се од
забава кај свои пријатели.

Шефот на
стручниот штаб на Тотнем, Жозе Мурињо пак, во април беше на мета на јавноста
откако го прекрши и правилото за социјална дистанца, откако одржа тренинг на
отворено јавно место со Ндомбеле.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×