126
Англија доби многу критики за играта на мечот со Андора кој го доби само со 1-0, а сега загуби со 3-1 од Сенегал на пријателски натпревар.
За фудбалската трагедија на Англија да биде уште поголема стои фактот дека мечот со Сенегал го играа на домашен терен, во Нотингем.
Составот беше силен, а Англичаните почнаа одлично, со гол на Хари Кејн уште во седмата минута. Но, тоа беше се што направија.
Сар, Диара и Сабали дадоа голови за Сенегал со кој оваа репрезентација ја победа Англија со 1-0.
Ова за Сенегал беше историска победа, не само за нив туку и за цела Африка. Тие се првата земја од овој континент која ја совладала Англија.
Томас Тухел го доживеа првиот пораз како селектор на Англија.