По Кутињо, Џерард сака во Астон Вила да донесе уште еден негов соиграч од Ливерпул, Луис Суарез!

by
0 минути читање

Стивен Џерард полека ја реновира Астон Вила, во овој преоден рок успеа да ги донесе Кутињо и Лукас Дињ, а веќе крои планови и за на лето.

Информациите велат дека Џерард сака да го донесе Луис Суарез во Астон Вила и за тоа веќе зборувал со својот поранешен соиграч од Ливерпул.

Суарез по крајот на оваа сезона е слободен играч, тој веќе одби понуди од Бразил и Саудиска Арабија и се чини дека преферира да се врати во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×