По Антонио, Јамајка го подготвува теренот и за ѕвезда на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Ѕвездите на Вест
Хем и Баер Леверкузен, Михаел Антонио, односно Леон Бејли беа вметнати на
списокот фудбалери за составот на Јамајка за „Златниот Куп“ за идниот месец, а
оваа селекција посакува уште една ѕвезда од Островот.

Се работи за
младата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, кој веројатно би бил дел
од селекцијата на Англија на Европското првенство доколку беше подготвен за
тоа, меѓутоа повредата го попречи, а многу веројатно е дека ќе ја чека својата вистинска шанса за докажување
во дресот на „Гордиот албион“.

Како што објави „Спортсмејл“,
Јамајка посакува дури 15 фудбалери од Англија, како засилување во својот тим за
да се оствари главната цел – пласман на Светското првенство во Катар идната
година, а една од желбите е воедно и Гринвуд.

Родителите на
Гринвуд имаат потекло од Јамајка, а тој сепак би можел да настапи за таа
селеција и покрај фактот што има настап за Англија во сениорска конкуренција,
со тоа што од куќата на фудбалот на Јамајка не кријат дека тој е добредојден
кај нив.

Јамајка има
успешна приказна со фудбалери од Островот почнувјаќи од Светското првенство
1998 година, кога во својот состав имаше дури седумина кои ги договори како „засилувања“,
меѓу кои Франк Синклер, Роби Ирли и Маркус Гејл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×