По 19 месеци Даниел Стариџ си најде нов клуб

by
1 минути читање

Стариџ во март 2020 година се раздели со Трабзонспор, тоа беше неговиот последен клуб. 

Во меѓувреме доби четиримесечна суспензија од Англиската федерација поради прекршување на правилата за обложување.

Додека бараше нов клуб, Стариџ тренираше со Мајорка ова лето. На крајот одлучи да замине во Австралија и да потпише за Перт Глори.

„Ова е фантастична можност да пробам нов предизвик. Кога ми се укажа оваа можност почувствував дека е вистинската работа која треба да ја направам, да заминам на некое место каде ќе можам да уживам воо фудбалот и да му помогнам на тимот да биде колку што е можно поуспешен“, вели Стариџ. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани