223
Хамбургер победи
со 0-1 на првиот натпревар против Херта во баражот за опстанок/влез во
Бундеслигата, па вечерва домаќините беа подготвени за славје и враќање во
елитата.
Сепак, Херта стигна
до триумф од 0-2 и опстанок. Бојата по само четири минути игра погоди по еден
корнер, а славјето на домаќините го расипа Платенхард со прекрасен гол од
слободен удар во 63. минута.