Како се приближува сезоната до крајот, така се зголемуваат шпекулациите поврзани со Халанд. Некои пишуваа дека тој барал 50 милиони, други дека барал 40… но „Гол“ има своја верзија.
Тие тврдат дека Халанд најпрво барал нето плата од 35 милиони евра од англиски клуб. Но кога клубот ги видел барањата на фудбалерот веднаш се откажал од намерата да го ангажира. Според нив тоа било астрономска сума.
Потоа Халанд ги намалил барањата за 10 милиони евра, па последната сума која ја побарал била околу 25 милиони евра.
Дали таа сума ќе биде прифатена и кој е клубот, засега не е познато. Но нема да помине долго додека се дознае следната дестинација на Халанд.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.