Планот за одмазда на ПСЖ е ангажман на Халанд?

by
1 минути читање

Многумина
одбројуваат до потписот на Килијан Мбапе со Реал Мадрид, иако барем засега
ситуацијата се верува дека не е променета, а ПСЖ очекува нова понуда од „Кралевите“,
иако наводно веќе добил ултиматум.

Како и да е, „Марка“
наведува дека францускиот вицепрвак би можел да им се одмазди на „Кралевите“ за
случајот со Мбапе, а тоа ќе го стори со ангажман на нивната голема желба на
трансфер пазарот, Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Во овој летен
преоден рок веќе се уверивме дека се’
е возможно, па така не би зачудило ниту
потег на ПСЖ во обид да се ангажира Халанд, со тоа што би се срушиле плановите
на Реал Мадрид за идното лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×