„Плачеа на Хајбер, плачеа на Емирати, па добро е што сега се радуваат” – Мурињо не пропушти да го „пецне“ Арсенал и кога изгуби

by
1 минути читање

Арсен Венгер по
13 обиди конечно се израдува на победа против Жозе Мурињо во првенствен
натпревар.

Но и покрај тоа
што претрпе пораз, Жозе Мурињо реши да го „пецне“ противникот.

„Фановите на
Арсенал се среќни, па и јас сум среќен за нив. Прв пат си заминамувам од
Хајбери или Емирати, а тие да се среќни
”
–  вели Португалецот.

„Плачеа кога го
напуштав Хајбери, плачеа кога го напуштав Емирати, одеа по улица со наведнати
глави
”.

„Денеска заминаа
радосни, пееа песни и вееа знамиња и шалови“.

„Арсенал е голем
клуб. Мислите дека уживам кога голем клуб како Арсенал не осовјува трофеи? Не
уживам
”.

„Арсен Венгер не
е мал менаџер, тој е голем менаџер, тоа што јас имав толку долга серија без
пораз не е нормално. Нормално е да се победи, загуби, да се одигра нерешно
”.

„Се ракувавме но
за време на натпреварот не ми се допадна она што никогаш не сум го сакал
”. 

„Тој постојано
врши голем притисок врз четвртиот судија
”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×