Кристијано Роналдо вчера неочекувано го напушти кампот на португалската репрезентација, а сега се појавија нови информации за причината што го натерала на таков потег.
Кристијано Роналдо веројатно на неславен начин ја заврши авантурата во репрезентацијата на Португалија, напаѓачот вчера си ги спакува работите, се качи во приватниот авион и го напушти Копенхаген без да се поздрави со соиграчите.
Тој не сакаше да зборува, имаше само кратка објава на социјалните мрежи, во која меѓу другото рече: „Кога ќе дојде вистинскиот момент, на португалската јавност ќе ѝ ја откријам вистината за причините поради кои одлучив да ја напуштам репрезентацијата, на која секогаш сум ѝ бил целосно посветен“.
Неговиот пријател, шпанскиот новинар Еду Агире, во емисијата „Ел Чирингито“ сега откри верзијата за тоа што се случило зад сцената.
Според Агире, на состанок меѓу Роналдо, претседателот на португалската федерација и Жорж Жезус, селекторот му се извинил на капитенот затоа што го оставил да се загрева 30 минути, без притоа да го внесе во игра против Норвешка. Жезус наводно ветил и дека на прес-конференцијата јавно ќе признае дека згрешил и ќе му се извини.
Но, селекторот не го исполнил ветувањето. Наместо тоа, на средбата со новинарите кажал нешто поинакво, што предизвикало жестока реакција кај напаѓачот.
„Кристијано се чувствува предадено. Замислете вашиот тренер приватно да ви каже: „Не постапив добро, сите сме заедно во ова, прости ми, ќе ја разјаснам ситуацијата на прес конференцијата и ќе се извинам. Не грижи се, сè ќе биде во ред“. А потоа да излезе пред медиумите и да се постави како тој да ја контролира ситуацијата, додека Кристијано е само уште еден играч“ – раскажува Агире.
„Кристијано си оди дома. Тоа е предавство!“