Пјонтек не запира, Милан немал ваков голгетер 21 година (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан во јануари
лесно се откажа од Гонзало Игуаин и дозволи Аргентинецот предвреме да ја прекине
позајмицата на Сан Сиро и да се пресели во Челси. Но ваквиот потег се покажа и
повеќе од исправен со оглед на тоа дека „росонерите“ го донесоа Кшиштоф
Пјонтек.

Полјакот не
престанува да ги тресе противничките мрежи и денеска ја начна и мрежата на Емполи
за 1-0. Бенасер загуби топка пред шеснаесетникот, Милан одлично комбинираше и
Чалханоглу му асистираше на Кшиштоф Пјонтек за водство во 49. минута од мечот.

Со овој погодок тој изедначи постигнување старо 21 година. Кшиштоф Пјонтек
стана првиот играч кој постигнал погодок на своите први четири старта во Серија
А за „росонерите“ по Оливер Биров во 1998.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани