Помина една година откако Пјаниќ е фудбалер на Барселона, тој не успеа да го убеди Куман дека треба да биде значаен дел од тимот, па само повремено добиваше шанса.
Пјаниќ е фудбалер кој сака да игра, тоа не го добива во Барселона, поради што сака да се врати во Серија А.
Јувентус не е опција, тие не можат да го вратат додека не го продадат Арон Ремзи, а за Велшанецот нема многу купувачи во моментов.
Пјаниќ се поврзува и со враќање во Рома, но таму нема да биде добредојден од навивачите поради начинот на кој си замина од клубот и премина во Јувенетус. Со активирање на откупната клаузула.
Во последно време Пјаниќ најсилно се поврзува со Фиорентина. „Газета дело Спорт“ пишува дека Босанецот е најблиску до преселеба во Фиренца.
Тој таму би заминал на позајмица, а Фиорентина би плаќала половина од неговите 8 милиони евра годишно, другата половина ќе остане обврска на Барселона.