Пјаниќ не крие дека сакал да се врати во Јувентус, а Босанецот испрати совети до Дибала

by
1 минути читање

Миралем Пјаниќ се
пресели на позајмица во Бешикташ, откако 31 годишниот фудбалер не се најде во
плановите на Роналд Куман ниту за новата сезона, меѓутоа Босанецот не крие дека
посакувал да се врати во Јувентус.

Бешикташ силно
притискаше за мене во последните денови од преодниот рок за трансфери, а јас не
можев да останам во Барселона со Куман, би загубил дополнително уште една
година, едноставно не го посакував тоа сценарио
“ вели Пјаниќ за „Тутоспорт“.

Куман имаше
однос кон мене кој никој не би го разбрал, дури и Меси се чудеше зошто не
добивам шанса на теренот, а со Јувентус постоеа контакти и разговори со мојот
агент, но трансфер пазарот никогаш не е едноставен, секако дека би посакал да
се вратам во тој клуб
“ додаде Босанецот кој има и совети до Пауло Дибала, чиј
договор со „Старата дама“ истекува идното лето.

Дибала му е
потребен на тимот, би го советувал да остане во тој клуб, таму го сакаат, но
сепак тоа е личен избор, тешко е да се суди однадвор бидејќи понекогаш
фудбалерите чувствуваат потреба од нови предизвици во своите кариери
“ заклучи
Пјаниќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×