180
Се верува дека последното коло од Серија А може да биде одлучувачко за иднината на Пирло. Ако Јувентус избори пласман во Лигата на шампионите, можно е клубот да реши да не прави тренерска смена, во спротивно помали се шансите Пирло да остане.
„Сакам да останам во Јувентус како тренер. Го сакам фудбалот од дете и ќе продолжам да го сакам. Клубот ќе одлучи, но јас сакам да бидам тренер, го сакам овој клуб, па ќе видме што ќе биде. Јас би сакал да продолжиме“, изјави Пирло по освојувањето на Купот на Италија.