Пирло: Роналдо првпат беше среќен што излезе од игра

by
1 минути читање

Во исклучително драматичен меч со многу пенали и ВАР интервенции, Јувентус со 3-2 го доби дербито на Италија против Интер.

Рано во второто полувреме по вториот жолт на Бентакур, Јуве остана со фудбалер помалку, па Пирло реши да ги извади Роналдо и Киеза, и на нивно место да ги стави Демирал и Мората.

Се очекуваше дека Роналдо ќе биде гневен на одлуката на Пирло да го извади предвреме, особено што се работи за дерби меч. Но, Португалецот нормално ја прифати одлуката, а потоа од клупата ги бодреше своите соиграчи да го добијат мечот.

„Мислам дека ова беше првпат тој да биде среќен што беше изваден, односно да не се побуни. Ние имавме играч помалку и тој бркаше сенки. Тој беше среќен и се смееше во соблекувалната“, вели Пирло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×