117
Поранешниот
тренер на Милан, Ариго Саки смета дека одлуката на Андреа Пирло да го предводи
Јувентус била доста амбициозна, меѓутоа и грешка на поранешниот фудбалер која
може скапо да го чини.
„Јас лично сметам
дека тој може да му се врати на светот на фудбалот, за тоа потребно ви е и
среќа, тој го презеде кормилото на Јувентус каде беше речиси невозможно да се
испорачаат резултати“ рече Саки.
„Пирло прифати
амбициозно, но направи грешка која може скапо да го чини“ додаде тој.
Изминативе
неколку седмици Пирло се поврзуваше со неколку клубови, а се споменуваа
Барселона и Џенова, меѓутоа со фактот што Чави го презеде кормилото на
Каталонците, а Андриј Шевченко на Џенова, сега изборот за него е стеснет.