174
„Старата дама“
синоќа одигра катастрофално против Милан, дома загуби со 0-3, не само што падна на позицијата број 5, има и полош меѓусебен скор со ривалите за топ 4 пласман, па ризикува да
остане без настап во Лигата на шампиони.
Андреа Пирло по
натпреварот изјави дека нема намера да поднесе оставка, но медиумите од Италија
пишуваат дека Јувентус му подготвува отказ.
Ла Стампа пишува
дека стратегот сигурно ќе добие „клоца“ по крајот на сезоната, но големи се
шансите да за замине уште денес или утре.
Неколку извори
пренесуваат дека Иван Тудор би можел да седне на кормилото за гостувањето
кај Сасуоло во среда.