1,2K
Пиза по повеќе од три децении ќе игра во најдобрата италијанска фудбалска лига, овој тим под водство на Пипо Инзаги успеа да се избори за пласман во Серија А.
Пиза денеска загуби кај Бари со 1-0, но Специја беше поразена со 2-1, а тоа автоматски значеше дека екипата на Пипо Инзаги и теоретски обезбеди место во елитата.
Претходно место во Серија А обезбеди и Сасуоло, третиот патник ќе биде познат по плејофот.
Влегувањето на Пиза значи дека во наредната сезона повторно ќе имаме братски дуел, Пипо Инзаги против Симеоне Инзаги.