Милан почна одлично, поведе со гол на Леао, но во 29. минута остана со играч помалку откако Кеси заработи втор жолт картон.
Според многумина вториот жолт картон за Кеси беше престрого досуден.
Спорен беше и пеналот за Атлетико Мадрид кој беше досуден во судиското продолжение. Калулу ираше со рака, но топката можеби прво Лемар го удри во рака.
„Не мислам дека судијата имаше најдобра ноќ… бевме казнети. Јасно е дека со 10 фудбалери требаше да играме на друг начин. Секако дека е разочарувачки кога ќе загубите на ваков начин“, вели Пиоли.
„Не беше само пеналот и црвениот картон туку секоја 50-50 ситуација се судеше за нив“.
„Додека бевме 11 на 11 игравме со темпо, квалитет и интензитет. Тоа покажува дека сме конкурентен тим“.