Извесно е дека
повеќе нема иднина за 22 годишниот Џанлуиџи Донарума во Милан, откако младиот
голман се доведе во нова сапуница налик на таа претходната околу неизвесноста со својата иднина.
Рајола го моли Јувентус да го ангажира Донарума, голманот сега ќе прифати и плата од 6 милиони евра
Барањата на
голманот во преговорите со Милан за нов договор беа едноставно превисоки за
клубот од Милано, кој реагираше брзо и го ангажираше Мајк Мењан од Лил, со тоа
што се осигура за таа позиција за новата сезона.
Шефот на
стручниот штаб на „Росонерите“, Стефано Пиоли и покрај актуелната ситуација во
која се најде младиот голман, го пофали за неговата професионалност.
„Донарума? Тој е
огромен професионалец, секогаш фокусиран на теренот, можеби преговорите ќе
вродат со плод, а можеби нема…“ нагласи Пиоли.
„Ние си
заблагодаривме еден на друг за соработката, имаме навистина добар и коректен
однос, му посакав се’ најдобро
на претстојното Европско првенство“ додаде предводникот на Милан.
„Росонерите“ изминатата сезона завршија како вицепрваци во Серија А, со 12 бода негатива зад првакот Интер, а идната сезона „Росонерите“ ќе бидат и дел од Лигата на шампионите.