Пиоли седна на велосипед и гo исполни ветувањето за освоено Скудето

by
1 минути читање

Стефано Пиоли
седна на велосипед и го исполни ветувањето од пред неколку месеци. Стратегот даде
збор дека ќе вози од Парма до планинскиот премин Чиза доколку „росонерите“
станат шампиони на Италија.

Десет дена по
големиот успех, стратегот со пријателите ја извозе рутата долга 60-70 километри
(во еден правец), која е прилично напорнa бидејќи има искачувања и до 1.000
метри. За работите да бидат полоши, временските услови биле тешки поради
рекордни високи температури за овој дел од годината.

„Немав доволно
тренинг, но таков е животот, некогаш треба да страдате за да успеете“
– вели Пиоли
за исполнувањето на ветувањето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани