Пиоли се пожали, му го украле медалот, Серија А му одговори (ФОТО)

by
1 минути читање

Со победата од 3-0 над Сасуоло, Милан на убедлив начин го завери 19. Скудето. Огромни заслуги за тоа има тренерот Стефано Пиоли.

По синоќешната прослава тој кажа дека му го украле златниот медал и побара нов.

„Ми го украдоа победничкиот медал, некој ми го зема од вратот. Би сакал да вложам жалба, тој е единствениот кој го имам“, рече Пиоли.

Брзо реагираше Серија А која преку официјалниот твитер профил му вети нов медал на Пиоли.

„Господине Пиоли, веќе утре ќе ти дадме нов медал“, објави админот на Серија А и се насмеа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×