302
Пиоли вели дека добро би дошло да има тајм-аут во фудбалот, а сака и активно мерење на времето со цел да не се задржува играта.
„Би сакал повеќе да комуницирам со играчите за време на натпреварите, јас би вовел тајм-аут и во фудбалот. Така би можел да им давам посебни и прецизни искуства. На полувремето се обидуваме да комбинираме тактично-технички совети со мотивирачки говори. Исто така сметам дека се потребни и методи за мерење на времето на активна игра, моментално се губи премногу време“, вели Пиоли.
Може да се каже и дека тајм-аут е веќе воведуван во фудбалот, но само во топло време. Тоа е прекин за фудбалерите да се освежат со вода, но тренерите го користат за делење совети.