Милан прими седум гогла на последните четири меча во Серија А и само трипата ја има сочувано мрежата.
„Тоа е аспект од играта кој мора да го подобриме. Треба да бидеме повнимателни од тактичка гледна точка“, вели Пиоли.
„Поголема компактност мора да биде цел за утрешниот меч, дури и да сме тим кој може секогаш да постигне гол повеќе од противниците, мора да ја подобриме одбраната“.
По девет одиграни кола Милан е изедначен со Наполи на врвот во Серија А, но Пиоли вели дека е рано да се размислува на Скудетото.
„Прерано е, девет натпревари се ништо. Но точно е дека фановите се среќни и горди на тимот. Но да размислуваме на утрешниот меч, а потоа на следниот“.
Пиоли потврди и дека Тео Ернандез се враќа во тимот, но нема да биде стартер, а во комбинација е и Кеси.