173
Милан синоќа со 3-0 го победи Јувентус на негов терен и забележа исклучително важен триумф во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите.
„Не верувам во таква работа како перфектен перформанс, но ние бевме прилично блиску до тоа оваа вечер“, вели Пиоли.
„Игравме како искусен тим, фокусирано и посветено, и победивме на многу тежок и значаен меч. Милан никогаш не победил на овој стадион, па задоволството е големо“.